Macedonian

Промовирање на социјалната вклученост е една од основните теми на Европската Унија. Целта на „Дизајнерско размислување“ (Design Thinking) е да ги открие и разбере постоечките потреби со цел на крајот да може да развие иновативни решенија. Процесот вклучува методи кои овозможуваат емпатија со луѓето. Во поединечните чекори на процесот се бара рамнотежа помеѓу аналитичкото и креативното размислување.  
Во проектот „Дизајнерско размислување за социјална инклузија“ имплементиравме дизајнерско размислување за едукатори и ученици во три бласти кои се од огромно значење за социјалната вклученост: социјално претприемништво, работа во заедницата и управување со одржливост. 
Овие три клучни теми се избрани поради нивната важност во поттикнувањето на социјалната вклученост:      

  • Социјалното претприемништво работи како противотров за спречување на практиките на социјално исклучување.      
  • Работата во заедницата е комбинирање на социјалната работа со активно учество на групите корисници, т.е. во училишта, населби или заедници.
  • Целите за одржлив развој (SDGs) на Обединетите нации се фокусираат на ставање крај на сиромаштијата, заштита на планетата и подобрување на животот и перспективите на сите; на тој начин успешното и инклузивното локално управување со одржливоста работи директно во корист на социјално маргинализираните групи.  

Главен исход од проектот „Дизајнерско размислување за социјална вклученост“ е оваа интерактивна платформа за учење што може да ја користат едукатори и обучувачите за да развијат работилници за учење лице-в-лице или мешани работилници засновани на процесот на размислување за дизајн. Платформата овозможува самостојно е-учење на лице место. Модулите за обука на платформата специфицирана за трите фокусни области (социјално претприемништво, управување со одржливост, работа во заедницата) го покриваат целиот процес на Дизајн размислување, сугерираат методи за поминување низ 6-те различни итеративни чекори на процесот и даваат примери од практичната имплементација во работата на проектните партнери. Платформата за обука вклучува кратки видео упатства за да се илустрира процесот и индивидуалните активности за обука.  
Со помош на платформата и нејзината содржина, на институциите и на поединците ширум Европа им е овозможено да го применат дизајнерското размислување за себе и за своите целни групи на добро структуриран и човекоцентричен начин.

Транснационалниот тим на d.thinking за време на проектен состанок во Скопје / Северна Македонија